Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се санира објектот „Маларична“, ќе се обезбедат подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал

Се санира објектот „Маларична“, ќе се обезбедат подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 16. мај 2024 (ИНПРЕС) – Во тек се санациони зафати на познатата „Маларична“ во Охрид.

Во насока на обезбедување подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал, но и енергетска ефикасност за заштеда на струја, се пристапи кон промена на дограмата на објектот.

Од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид за Супер радио и InPress велат дека покрај тоа во внатрешноста на објектот ќе биде поставен пвц под, ќе се прави енергетски ефикасна фасада, со бекатон плочки ќе биде поплочен паркингот, а во насока на заштита на амбулантните возила ќе се направат и шест настрешници.

Покрај во Охрид, се реновира и амбулантата во село Белчишта што беше во многу лоша состојба.

Инвестицициите се реализираат од сопствени средства на установата.

Инаку, реконструктивни зафати на „Маларична“ се правеа и претходно. Се реновира покривната конструкција, се реконструираа ходниците кај матичните лекари, во службата за Брза помош, диспанзерот како и делот кај стоматолошките ординации, а старите дрвени клупи во ходниците беа заменети со нови, пластични столчиња.

Што се однесува до возниот парк, од 2017 до 2024 година набавени се 4 амбулантни возила со целосна опрема и едно ново патничко возило за тимот за домашна посета. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охридската кардиолошка болница утре со бесплатни прегледи на граѓаните ќе го одбележи Светскиот ден на хипертензија
Next Конкурс за идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.