Редовно контролирајте го крвниот притисок, 17-ти мај Светски ден на хипертензија

Редовно контролирајте го крвниот притисок, 17-ти мај Светски ден на хипертензија

Охрид, 17. мај 2024 (ИНПРЕС) – Денес се одбележува Светскиот ден на хипертензија или покачен крвен притисок.

Покачениот крвен притисок доведува до оштетување на низа органи и органски системи ( срце и крвни садови, мозочен удар, бубрези…) и е виновник на огромен број смртни случаи кои е возможно да се превенираат. За да не дојде до тоа потребно е подигање на свеста за потребата за редовно контролирање и третман на оваа болест, порачуваат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.

Хипертензијата согласно податоците на Светската здравствена организација, е одговорна за 7.6 милиони смртни случаи годишно на светско ниво (13.5% од вкупниот број смртни случаи),повеќе од било кој друг ризик фактор. Околу 54% мозочни удари и 47% од коронарната артерриска болест се предизвикани од покачен крвен притисок.

Во превенција од висок крвен притисок може да помегне физичка активност, контрола на телесната тежина, консумирање повеќе овошје и зеленчук, избегнување солена и храна богата со масти и јаглехидрати, намалена консумација на алкохол, откажување од пушење.

Доколку имате веќе дијагностициран покачен крвен притисок, експертите препорачуваат да се применуваат здрави навики, редовно мерење на крвниот притисок, управување со стресот, редовно земање на антихипертензивна терапија, како и контрола и на другите болести.

Кардиолошкиот завод и годинава се приклучува во одбележувањето на Светскиот ден на хипертензијата, како една од активностите со кои придонесува во превенција на кардиоваскуларните заболувања.

Денес во периодот од 12:00 до 15:00 часот на два означени пунктови поставени по кејот на Охридското Езеро ќе се мери крвен притисок и ќе се делат совети и информативни материјали. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива