Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стојковски: Вкусот на бургерите од Bro’s Burger Station беше прифатен од самиот старт

Стојковски: Вкусот на бургерите од Bro’s Burger Station беше прифатен од самиот старт

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 23. мај 2024 (ИНПРЕС) – Утре навршуваат шест години откако почна да се пишува една супер успешна охридска бургер приказна, Bro’s Burger Station.

Браќата Филип и Бојан Стојковски започнаа спонтано, но за кратко време создадоа бренд, наметнувајќи се со квалитетот на храната и услугата, а покажаа и иновативност во создавање нови вкусови на бургери.

Во пресрет на роденденот поразговаравме со еден од сопствениците Филип Стојковски.

Супер радио: Полни шест години сте препознатлив бренд меѓу охриѓани, но и туристите. Мало потсетување како започна вашата приказна?

Стојковски: Нашата приказна почна сосема спонтано, иако имавме желба неколку години да отвориме објект за бургери, сепак не очекувавме ваков правец и крајна цел.

Супер радио: Колку потрошувачите беа подготвени за нови вкусови, впрочем по што вашите бургери се различни од останатите?

Стојковски: Знаете како е кај нас, секој нов вкус, нова идеја, нов концепт е проследен со „отпор” кај народот, но ние сме едни од тие кои имавме „среќа” да бидеме прифатени со вкус од самиот старт.

Супер радио: Колку и какви бургери имате на вашето мени, какво месо користите?

Стојковски: Нашето мени е константно подложно на промени и новитети. Во моментов на понуда имаме 13 видови на бургери во пилешка и говедска варијанта.

Супер радио: Што може да издвоите како ваш специјалитет и што е најново во понудата?

Стојковски: Смоуки бургерот е доста интересен заради неговата подготовка и презентација, а како најнов ексклузивен специјалитет е бургерот со мелен телешки бифтек.

Супер радио: Има ли разлика меѓу популарниот хамбургер и бургер?

Стојковски: Познатиот балкански хамбургер е различен од бургерот по неговите стандарди при изборот на самите парчиња месо кои се мелат, како и самата подготовка и концепт на крајниот производ.

Супер радио: Од минатата година сте на нова локација во центарот на градот. Колку сте задоволни од посетеноста?

Стојковски: На сите локации кои бевме низ годиниве, реално бевме задоволни. Како најголема предност на нашата нова локација е високиот процент на посетеност на странските туристи.

Супер радио: Планови за следниот период?

Стојковски: Крајна цел која некогаш планираме да ја оствариме ни е франшиза низ цела држава. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous На звуците од операта „Лилјакот“ охридските матуранти ја одиграа матурската парада (Фото/Видео)
Next Крводарителска акција утре во Центарот за култура „Григор Прличев“

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.