11 медали, од кои 5 златни за теквондистите од ХВА Ранг Фист на Улцињ Опен Куп

11 медали, од кои 5 златни за теквондистите од ХВА Ранг Фист на Улцињ Опен Куп

Охрид, 4. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Теквондисти од охридскиот клуб ХВА Ранг Фист учествуваа на Меѓународен турнир во олимписко теквондо – Улцињ Опен Куп, постигнувајќи значителен успех.

На натпреварот учествуваа 400 натпреварувачи од 8 земји од регионот, а боите на Охрид и Република Македонија ги бранеа 10 членови на клубот.

– Ѓорѓи Петкоски го освои првото место во својата категорија и во А и Б класа, а неговиот брат Петар Петкоски во својата категорија кадет -33 кг супериорен победувајќи го во финалето претставникот на Косово со 12 поени разлика во двете рунди,за само 30 секунди,додека за прв пат се натпреваруваше и во својата наредна категорија кадет -37 кг каде во полуфиналето загуби само со еден поен од претставникот на Црна Гора, кој на крајот беше и прв во таа категорија.
Ненад Целески и Доротеа Најдеска беа први во своите категори, а за жал 3 финални борби ги изгубија Андреј Силјаноски, Јана Спироска и Анастасија Спироска и го освоија второто место во своите категории.
Ахмет Синан во категоријата кадети А -61 кг го освои третото место, а Миа Спироска во сениорки во 7кг потешка категорија го освои бронзениот медал, информираат од клубот.

Севкупно освоија 5 златни, 3 сребрени и 3 бронзени медали. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива