Комуналниот отпад во летниот период ќе се подига од 06:00 часот

Комуналниот отпад во летниот период ќе се подига од 06:00 часот

Охрид, 6. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Почнувајќи од овој месец па во текот на летниот период комуналниот отпад ќе се собира, транспортира и депонира од 06:00 часот наутро, информираат од ЈП Охридски комуналец, а согласно програмата за работа за годинава.

Додаваат дека овие активности се преземаат заради зголемениот обем на работа и потребите што се наметнати во летниот период. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива