Пет охридски боксери утре настапуваат во Тетово на 3. коло од Првата и младинска лига
June 7, 2024

Охрид, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Боксерскиот клуб „Шкендија НО-ЛИМИТ“, утре во СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово ќе се одржи 3. коло од Првата и младинска лига.

Боите на Охрид ќе ги бранат Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Петар Трајчески, Димитар Ѓорески и Михаил Аврамоски од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид.

Охридските боксери се се’ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива