Охрид, 10. јуни 2024 (ИНПРЕС) – На 22-ри јуни во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“.
Организатор е Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.
– Генерален спонзор е „ПН Метал“, а настанот е поддржан од Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, информира претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.
Оваа година учеството на „Ohrid Open 2024“ веќе го имаат најавено повеќе земји и натпреварувачи од претходните години, со што натпреварот веќе прераснува во еден од поквалитетните во регионот (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива