Скопје/Охрид, 12. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Во април годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 81. 752 туристи, од кои 18.774 биле домашни, а 62.978 се странски туристи.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 151.720.
Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците – 25.324, следуваат гостите од Србија – 5.006, од Германија – 3.254, од Грција – 2.766.
Во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 15.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.4 %, а кај странските има зголемување за
19,3 %.
Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 15.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15 %, а кај странските има зголемување за 15.4 %. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес