Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Отворањето на 63. Балкански фестивал наместо на Долни Сарај ќе биде во Центарот за култура

Отворањето на 63. Балкански фестивал наместо на Долни Сарај ќе биде во Центарот за култура

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 2. јули 2024 (ИНПРЕС) – Поради најавата за лоши временски услови, свеченото отворање на Балканскиот фестивал, утревечер наместо на „Долни Сарај“ ќе се одржи на алтернативната сцена во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев”, со почеток во 20:30 часот.

Инаку, настание во рамки на фестивалот започнуваат вечерва. Во 20:00 часот во галеријата при Центарот за култура ќе биде отворена традиционалната изложба „Моменти“, изложба на фотографии од авторот Антонио Стојчески.

Утревечер, на свеченото отворање, ќе настапи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија – „Танец“.

Во четврток, на 4-ти јули предвидени се настапите на „Севернашки ансамбл“ од Република Бугарија, како и КУД „Илинден“ од Битола со музичко-сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина и ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, Кочани со сплет на ора од Осоговијата.

На 5-ти јули 2024 година, на „Долни Сарај“ ќе настапат „Севернашки ансамбл“ од Бугарија, Фолклорното студио „Блажески“ од Скопје, Фолклорен ансамбл „Бисери“ од Охрид, КУД „Круг“ од Сиднеј и КУД „Бенџо“ од Мелбурн, Австралија.

Влезот за сите настани е слободен, а aлтернативна сцена е големата сала во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Фудбалскиот терен на стадионот „Билјанини извори“ нема да се користи од 3-ти до 25-ти јули поради квалификациски натпревар за Лигата на шампиони
Next Тодороски: Во решавањето задачи наоѓам нешто што ме исполнува, математиката е еден вид уметност

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.