Со најголема донација досега за ЈЗУ Општа Болница Охрид, д-р. Асен Шајн го заокружи директорскиот мандат во установата

Со најголема донација досега за ЈЗУ Општа Болница Охрид, д-р. Асен Шајн го заокружи директорскиот мандат во установата

Охрид, 10. јули 2024 (ИНПРЕС) – Најголема донација во вредност од 6.000.000 денари за ЈЗУ Општа болница – Охрид, последна во директорскиот мандат на д-р.Асен Шајн.

Донацијата е на Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, а ќе биде искористена за купување на современа медицинска опрема, што значително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди установата кон пациентите.

– Искрено им се заблагодаруваме на Агенцијата за катастар на недвижности, за нивната поддршка и значајниот придонес во областа на општественото здравје и заштита. Нивниот труд и посветеност се од непроценливо значење за унапредување на здравствените услуги и за добробитта на нашите сограѓани, вели д-р Шајн.

Д-р. Асен Шајн е специјалист по оториноларингологија, а со болницата раководеше од април 2022 година. Во дописот до министерот за здравство д-р. Арбен Таравари е наведено дека оставката ја поднесува од лични причини.

Во отчетот за двегодишниот мандат, д-р Шајн вели дека установата ја наследил со тешка финансиска состојба со блокирана сметка од август 2021 и бројни извршни решенија, застој во испорака на основни медицински и други материјали, лекови, кадровски недостатоци од стручен кадар посебно во одделението за педијатрија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива