July 17, 2024

Охрид, 17. јули 2024 (ИНПРЕС) – Во петок, 19-ти јули со почеток во 20:30 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе се одржи детската балетска претстава „Барби“.

Ќе ја изведат членовите од охридско детско балетско студио „Наталис студио“.

Изведбата на претставата е во рамки на проектот на Општина Охрид за најмладите охриѓанчиња „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива