СВР Охрид: Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице кај струшкото село Брчево
October 22, 2024

Охрид, 22. октомври 2024 (ИНПРЕС) – СВР Охрид излезе со официјално соопштение околу исчезнувањето на 60 годишното лице од Струга.

– На 21.10.2024 во 16:45 часот во ОВР Струга е пријавено дека К.М.(60) од Струга, претходниот ден излегол да собира печурки во планината кај струшкото село Брчево, но не се вратил во неговата викенд куќа во истото село и дека со него не можат да воспостават телефонска комуникација. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива