Охрид, 23. април 2026 (ИНПРЕС) – Читатели на InPress апелираат навремено да се коси и одржува зеленилото долж патеката Канео-Плаошник-Лабино.
До нашата редакција испратија и фотографии од сегашната состојба. Велат зеленилото сé уште не е многу израснато, но мора да се одржува за овој потег да не прерасне во урбана „џунгла“, особено што нé очкуваат повисоки дневни температури.

-Некосената трева и грмушки можат да ја намалат прегледноста на патеката, високата трева е идеално место за развој на инсекти, глодари и други животни
– Негрижата за зеленилото остава негативен впечаток кај посетителите. Во летните месеци, сувата и некосена трева може да биде и потенцијален извор на пожар, велат граѓаните.

Редовното косење и одржување не е само прашање на естетика, туку и на безбедност, здравје и зачувување на оваа атрактивна локација. Надлежните треба навремено да реагираат за патеката да остане уредена, безбедна и привлечна за сите што ја посетуваат.
Патеката беше пуштена во употреба во јуни 2017 година. Долга е околу 2,5 километри и е едно од омилените места за прошетка на охриѓани и гостите во стариот дел на градот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
