Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Помпеја го ограничува дневниот број на посетители на 20.000 луѓе

Помпеја го ограничува дневниот број на посетители на 20.000 луѓе

Неапол, 11. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Древниот римски археолошки локалитет Помпеја во јужна Италија ќе го ограничи дневниот број на посетители на 20.000 како одговор на неговата растечка популарност, пренесува хрватски Индекс.

Промената доаѓа по рекордната посетеност пред една недела, кога Помпеја ја посетија 36.000 посетители.

Директорот на локалитетот Габриел Цухтригел изјави дека намалувањето на бројот е неопходно за безбедноста и зачувувањето на античкиот локалитет. Ограничувањето во Помпеја следи по обидите на некои други туристички центри да го контролираат бројот на посетители, вклучително и Венеција, која наплаќа влез во градот.

Минатата година Помпеја имаше повеќе од 4 милиони посетители, што е за 33.6% повеќе од претходната година. Тоа значи дека приближно 11.200 луѓе ја посетуваат Помпеја секојдневно, покажуваат податоците на Министерството за култура.

Помпеја е археолошко чудо кое ги прикажува извонредно зачуваните урнатини на некогаш просперитетниот град, затрупан со вулканска пепел, камења и прашина кога Везув еруптирал во 79. година од нашата ера. (Крај)

извор: Радио МОФ фото: архива

Post navigation

Previous Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
Next Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Дебрца едно, во Струга ниедно

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.