МВР: Претрес во Охрид, пронајдена дрога
November 27, 2024

Охрид, 27. ноември 2024 (ИНПРЕС) – На 26.11.2024 во 17:00 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода И.Д.(48) од Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ИнПрес