Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ТикТок ќе им забрани на тинејџерите да користат филтри за разубавување

ТикТок ќе им забрани на тинејџерите да користат филтри за разубавување

1 min read

Њујорк, 28. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Тинејџерите се соочуваат со низа нови ограничувања околу употребата на филтрите за разубавување на ТикТок среде загриженоста за зголемена анксиозност и намалување на самодовербата. Во следните недели, корисниците помлади од 18 години нема да смеат вештачки да си ги зголемуваат очите, да си ги пополнуваат усните или да си ја измазнуваат кожата.

Ограничувањата ќе се однесуваат на филтри како Bold Glamour кои можат да ги променат карактеристиките на децата на начин што не може да се постигне со шминка. Комични филтри како оние кои додаваат зајачки уши или кучешки нос нема да бидат засегнати.

Постои широко распространета загриженост дека филтрите за разубавувања, некои обезбедени од ТикТок, други создадени од корисници, резултираа со притисок врз тинејџерите, особено девојчињата, да усвојат полиран физички изглед со негативни емоционални последици. Некои млади луѓе рекле дека по користењето филтри им се чини дека нивното вистинско лице им изгледа грдо.

ТикТок исто така објави дека ги заострува своите системи за да им забрани пристап на децата под 13 години. Пред крајот на годината ќе започне проба на нови автоматизирани системи кои користат машинско учење за да детектираат луѓе кои лажат ограничувања на возраста. (Крај)

извор:СДК фото: архива

Post navigation

Previous Свикана 50. седница на Советот на Општина Охрид
Next Охрид и натаму со негативен природен прираст, во третиот квартал годинава е – 50

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.