Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • АМСМ: Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег

АМСМ: Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег

1 min read
АМСМ: Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег

Скопје, 29. ноември 2024 (ИНПРЕС) – Поради обилни врнежи од снег, од 12:10 часот има забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 60м. на планинскиот превој Плетвар,од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато и до 100м. на планинскиот превој Пресека, додаваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

Post navigation

Previous Езерскиот водостој продолжува да се намалува, денес е на кота од 693,07 м.н.в
Next Заврши реконструкцијата на дел од пештерната црква Св. Богородица во Велгошти

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.