Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • До октомври собрани над 19 милиони денари приход од туристичка такса

До октомври собрани над 19 милиони денари приход од туристичка такса

1 min read
До октомври собрани над 19 милиони денари приход од туристичка такса

Охрид, 12. декември 2024 (ИНПРЕС) – Од почетокот на годинава заклучно со октомври Општина Охрид собрала 19 256 740 денари по основ на туристичка такса, информираа за Супер радио и OhridPress од локалната самоуправа.

Уплатата на хотелите е 17 600 851 денари, додека на физичките лица е 1 655 889 денари. Според уплатениот износ, најголем приход е остварен во август од 4 173 941 денари, а најмал во март – 241 440 денари.

Инаку, на општинската сметка по основ на туристичка такса „легнале“ вкупно 24 070 925 денари, од кои 80% или 19 256 740 денари остануваат за општината, а преостанатите 20% се за државата.

Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија забележа една од поуспешните сезони во текот на последните години. Во прилог на тоа одат и бројките на посетители и инкасираното во општинската каса по основ на туристичка такса.

Пред нас се новогодишните празници, најавите за исполнетост на градот се одлични, па 2024 година ќе ја потврдиме како една од поуспешните последниве години кога е туризмот во прашање. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Стартуваат подготовките за Бадниковата поворка 2025 во Охрид
Next Taste Atlas: Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

Слични вести

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.