Охрид, 24. декември 2024 (ИНПРЕС) – Со театарската претстава „Добредојде Нова Годино“ на градскиот плоштад во Охрид, денеска од 12:30 часот започнува новогодишната програма наменета за најмладите.
Во вечерниот термин, пак, од 18:00 часот ќе биде изведена претставата „Ех да може и во зима сладолед да има“.
Проектот „Охридска новогодишна приказна“ што ќе трае до 31-ви декември, опфаќа 20 забавни настани, а ќе се одржуваат дел напладне, дел во вечерните часови.
Предвидени се бројни театарски претстави, концерти, танцов фестивал и новогодишни базари. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива