Охрид, 26. декември 2024 (ИНПРЕС) – Добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година е авторот или авторката на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, пријавена под шифра „Хидаспес“, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.
Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Бранко Цветкоски и Димитар Пандев како членови.
– Од вкупно 13 пристигнати ракописи, пет од нив се издвоија со своите поиздржани естетски, стилски, композициски и содржински квалитети. Во потесен избор влегоа поемите:
комисијата ги издвои во потесен круг поемите: „Никогаш пред ил’ потем“ и „Питагорин сведок“, информираат од охридскиот Центар за култура.
Авторот на наградената поема „Никогаш пред ил’ потем“ треба да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива