Охрид, 24. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Прикрај се градежните зафати за уредување на дел од улицата „Дејан Војвода“ кај ЕВН, што започнаа во октомври минатата година.
Веќе е завршена изградбата на фекална и атмосферска канализација со нови приклучоци за сите објекти, а деновиве се работи на изградба на тротоарите, се поставуваат рабници по што ќе следи поплочување со камени плочи, а ќе се постави и ново осветлување.
На овој потег со години наназад чести беа дефектите на водоводната мрежа, поради што жителите од оваа и од улицата „Македонски просветители“ имаа прекин во водснабдувањето. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес