Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Билтен на СВР Охрид: Физички напад, агресивно однесување кон полициски службеници, бесправно градење

Билтен на СВР Охрид: Физички напад, агресивно однесување кон полициски службеници, бесправно градење

1 min read
Билтен на СВР Охрид: Физички напад, агресивно однесување кон полициски службеници, бесправно градење

Охрид, 30. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Два случаи на физички напад, нарушување на јавен ред и мир, пријава за бесправно градење се дел од настаните случени на територијата на СВР Охрид.

На 29-ти јануари 2025 во 21:10 часот на улица „Александар Турунџев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 39-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 34 – годишен брат. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29-ти јануари 2025 во 22:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Даме Груев“ во Охрид, едно лице со остар предмет нападнал 51-годишник, при што му нанел телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29-ти јануари 2025 во 16:00 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга приведоа три лица од Охрид на возраст од 29, 54 и 42 години. Тие, претходно пред продажен објект на истата улица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На катастарска парцела во Охрид во државна сопственост, спротивно на одобрен основен проект, тој неовластено извршил проширување со узурпирање на дворно место од заеднички станбен објект што било констатирано од овластен градежен инспектор и било донесено решение за отстранување на градбата. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Богата програма на годинашните Прличеви беседи
Next Почина работник на автопатот Кичево – Охрид

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.