Кичево, 30. јануари 2025 (ИНПРЕС) – На 29-ти јануари 2025 во 13:20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал.
– Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива