Утре изменет возен ред на линијата  Охрид – Горно Лакочереј -Охрид
February 4, 2025

Охрид, 4. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на утрешниот ден ќе има измени во возниот ред на општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид.

– Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, среда, 5-ти февруари општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид ќе се одржува со изменет возен ред. Во периодот од 08:00 до 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во останатиот период од денот автобусите на наведената релација ќе сообраќаат согласно постојниот возен ред, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива