Охрид, 14. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Нов ден, исти навики, службите на ЈП „Охридски комуналец“ повторно дететкираа диви депонии.
Оттаму велат дека во последната акција се мапирани 5 диви депонии и биле подигнати 22 м³ кабаст и зелен отпад и градежен шут.
– Дивите депонии се мапирани на улица „Гоце Делчев“, во населбите Воска и Далјан и локалитетот Лабино,велат од претпријатието.
Повторно упатуват апел да не се деградираат јавните површини од страна на поединци. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива