Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новите американски царини погодија и остров на пингвини што една година не е посетен од луѓе

Новите американски царини погодија и остров на пингвини што една година не е посетен од луѓе

Перт, 4. април 2025 (ИНПРЕС) – Меѓу чудните и непознати места на кои владата на Доналд Трамп им воведе нови царини се издвојуваат зафрлени антарктички острови населени само со пингвини и фоки.

Островите Херд и Мекдоналд, територија што се наоѓа 4.000 километри југозападно од Австралија, се достапни само со седумдневно патување со брод од Перт и не се посетени од луѓето речиси цела деценија. Но, како и цела Австралија, и Островите Херд и Мекдоналд, Кокосови Острови и Божиќниот Остров сега ќе мора да плаќаат нови царини од 10 отсто.

– Тоа само покажува дека ништо на Земјата не е поштедено од ова, изјави австралискиот премиер Ентони Албаниз.

Херд е пуст, леден и ненаселен остров, главно е покриен со глечери и таму се наоѓа најголемиот и единствен австралиски активен вулкан Биг Бен. Се верува дека последен пат бил посетен од луѓе во 2016, кога група радиоаматери емитувала програма оттаму со дозвола од австралиската влада.

Мајк Кофин од Универзитетот Тасманија неколкупати ги посетил околните води заради научни истражувања.

– Не верувам дека на Херд има нешто за извоз во САД. Таму има само колонии на пингвини, фоки и морски птици, можеби има стотици илјади пингвини. Тоа е редок пример на екосистем недопрен од надворешни растенија и животни и од човечко влијание, кажа Кофин.

Според податоците на Светската банка, во изминатите години од овие острови било извезено само мало количество производи во САД. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous ИЈЗ: Минатата недека пријавени 511 случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 50 заболени
Next ЈП „Водовод“ Охрид: Водата во и околу мерно место село Велгошти е исправна за пиење

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.