Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди“ А6

Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди“ А6

Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди“ А6

Рамиз Мерко

Струга, 9. април 2025 (ИНПРЕС) – Со исказ на поранешна вработена во Државниот завод за ревизија и членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Струга заврши сослушувањето сведоци во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобилот „Ауди А6“.

На следното рочиште закажано за 9 јуни во Основниот суд во Струга, обвинетиот треба да ја даде својата одбрана, по што ќе следат завршни зборови на бранителот, јавниот обвинител и изрекување пресуда.

– На денешното рочиште ги исцрпивме вербалните докази кои судот ги прифати, а се изведоа и материјалните докази. Сега останува да се види целокупната документација, да им се даде можност на одбраната и обвинението да ги спремаат своите завршни зборови и на наредното рочиште веќе предметот да се заврши, изјави судечкиот судија Јордан Јованов, најавувајќи завршница на случајот во текот на јуни годинава.

Пензионираната Лилјана Стојанова, тогаш вработена во Државниот завод за ревизија појасни дека во услови на блокирана сметка претседателот на Основниот суд издал решение за најнеопходните трошоци и функционирање на Општината. Во ноември 2017 година, како што додаде, била направена промена на тоа решение и бил одобрен месечен лимит на Општината од над 50 милиони денари, што значи дека за 12 месеци вкупниот буџет би бил 605 милиони, што го надминува редовниот годишен буџет.

Во својство на сведоци се појавија и претседателот на Комисијата за јавни набавки при Општина Струга Алија Ајдиновски и Ерканда Баута заменик член. Според нив, постапката за набавка на четирите возила меѓу кои и „Аудито“ била спроведена согласно Законот за јавни набавки, по донесена одлука на Советот на Општина Струга за обезбедување средства во буџетот за таа намена. Ајдиновски посочи дека на тендерот имало две понуди и оти била избрана најповолната.

Баута пак, која била член и на Комисија за продажба на старите општински возила, кој според неа, не биле функционални, посочувајќи дека Општината имала потреба од нови автомобили и оти и претходниот возен парк се состоел од скапи возила.

Одбраната на Мерко смета дека во конкретниот случај не постои ниту еден доказ кој упатува на било каква неправилност при набавката на автомобилот „Ауди А6“.

Сведоците, кои претходно имале одредени изговори за недоаѓање на рочишта, денеска во Струшкиот суд беа спроведени со полиција по дадена наредба на судијата.

Во Судот во Струга денеска треба да продолжи расправата за поставеното спомен – плоча на влезот на општинската зграда, кое е во постапка на изведување вербални докази на обвинение. (Крај)

извор: ТВ 24 фото: архива

Post navigation

Previous Диви депонии повторно и повторно…
Next Охридската библиотека домаќин на регионалниот натпревар „Млади библиотекари“

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.