Охрид, 10. април 2025 (ИНПРЕС) – Од утре ќе започне културно-забавна програма што Општина Охрид ја организира за најмладите охриѓанчиња и гостите кои престојуваат во Охрид во рамки на проектот: Културата расте со децата „За сите деца“.
Ќе биде изведена детската театарска претстава „Супер Вселенко и роденденската торта“, на професионалната актерска екипа на „Театар за тебе“.
– Дали сте подготвени за една нова вселенска авантура? Дојдете заедно ќе влеземе во мисија да ја спасиме роденденската торта на Вселенко! Вие растете со културата, а културата расте со Вас, соопштија организаторите.
Во претставата играат: Изабела Јакимова, Гоце Андонов и Анастасија Ласовска.
Претставата ќе се одржи во ОУ „Свети Климент Охридски“, во училишната сала за претстави со почеток во 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
