Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Шајн: Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ ќе биде личност почитувана во градот и од охриѓани

Шајн: Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ ќе биде личност почитувана во градот и од охриѓани

1 min read
Шајн: Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ ќе биде личност почитувана во градот и од охриѓани

Охрид, 5. мај 2025 (ИНПРЕС) – Постапката за избор на кандидати за градоначалници на есенските локални избори е започната, се прават анкети и анализи, а процесот ќе трае до крајот на јуни, изјави за Супер радио и InPress претседателот на ОО СДСМ Охрид Асен Шајн.

Отворено не прецизира дали ќе се кандидира за прв човек на Охрид, потенцирајќи дека изминатиов период биле фокусирани на реорганизацијата на партијата и консолидација на членството. Сепак истакна дека одлуки ќе се носат заеднички, а изборот ќе падне на кандидат почитуван во градот и од охриѓани и ќе биде нешто најдобро што како партија може да го понудат.

– Во периодот што претстои навистина ќе гледаме да биде избран квалитетен кандидат, почитуван од Охрид и охриѓани, нешто најдобро што ние како партија може да го понудиме,

Од огранокот на партијата во Охрид периодов започнаа со активности и на социјалните мрежи, Шајн вели објавите се критика што доаѓа од самите граѓани.

– Граѓаните бараат ние да бидеме гласниците на тоа што се случува во градот, не може да постои идеалност во поглед на целата работа, но ние во поглед на тоа секојдневно објавуваме и критикуваме бидејќи тоа треба да го правиме како опозиција, вели Шајн.

Во однос на консолидацијата и реорганизацијата на партијата рече дека тоа е природен процес и потребно е време, на почетокот било тешко, но сега се задоволни како се движат работите и во партијата и меѓу самите членови, симпатизери, кои веќе позитивно гледаат на работите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Шајн: Од реконструкцијата на плоштадот „Крушевска република“ големо ништо, катна гаража – мисловна именка
Next Крводарителска акција утре на ФТУ

Слични вести

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид 91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска
1 min read

Вечерва отоврање на изложбата „Наследена носија“ на Мила Добревска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.