Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нуркачите од центарот „Амфора“ утре ќе го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Нуркачите од центарот „Амфора“ утре ќе го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад

1 min read
Нуркачите од центарот „Амфора“ утре ќе го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад

Охрид, 9. мај 2025 (ИНПРЕС) – Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид утре ќе ја реализираат еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“, за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

Според најавите, во акцијата ќе учествуваат околу 100 нуркачи од земјата и регионот. На повеќе локации, тие ќе го чистат езерското дно од секаков вид отпад. Ќе се чисти кај Градското пристаниште, Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај селото Калишта.

– Акцијата ќе започне на Градското пристаниште во Охрид во 11:00 часот. Целта на акцијата што се организира четврта година по ред пред главната туристичка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, потенцираат од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: НЦ „Амфора“

Post navigation

Previous Детската претстава „Шумската принцеза” денес во ОУ „Григор Прличев“
Next Околу 300 учесници на петтиот Меѓународен турнир во олимписко таеквондо „Охрид Опен 2025“ (Фото/Видео)

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.