Дебрца, 3. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка, утре, 4-ти јуни, ќе се врши теристичка (од земја) ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
