Охрид, 9. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Од 21-ви до 28-ми јуни Црвен крст Охрид ќе ја реализира годинашната обука за спасители на отворени води.
Обуката, која ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ILSF), содржи теоретски и практичен дел.
– Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања: да се постари од 17 (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта), да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозиции за спорт, да обезбедат и достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа, кандидатите можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. „Димитар Влахов“ 52, Охрид, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот., на телефоните 046/ 261 909 и 070/ 315 309, во DM на @centar.za.bezbednost.na.voda или со пополнување на пријавата на линкот, информираат од Црвениот крст.
Повикот трае до 19-ти јуни. На сите кои успешно ќе ја завршат обуката и се стекнат со легитимација спасител на вода, Црвен крст Охрид ќе им обезбеди и понуди платен ангажман како спасител на вода на соодветни капалишта во текот на претстојната летна сезона. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
