Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Синодот на МПЦ-ОА денеска го избира наследникот на владиката Тимотеј

Синодот на МПЦ-ОА денеска го избира наследникот на владиката Тимотеј

1 min read
Синодот на МПЦ-ОА денеска го избира наследникот на владиката Тимотеј

Скопје/Охрид, 12. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска на седница треба да избере митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополит, господин Тимотеј.

Засега единствен кандидат за оваа висока црковна позиција е јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Поранешниот декан на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши на 27 мај, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.

Одлуката за избор се носи со просто мнозинство. Во црковните редови има 12 владици, кои управуваат со епархии, така што за избор на идниот митрополит ќе бидат доволни седум гласови. Ако соодносот на гласовите е 50-50, пресудува гласот на архиепископот.

Минатата недела беа одржани мирни собири на верниците, во Охрид, Скопје и во Кичево, кои се залагаат за изборот на епископот антаниски Партениј за нов охридски владика. (Крај)

извор: Телевизија 24 фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охрид во април го посетиле 19 936 странски туристи, најмногу од Турција, Германија и Србија
Next Лани во Охрид се родиле 399 бебиња, регистриран е негативен природен прираст преку целата година

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.