Охрид, 7. јули 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва на сцената „Долни Сарај“ ќе бидат изведени најубавите македонски песни од албумот „Македонски рози“ на Мите Димовски – Митан од „Митан проект“, во интерпретација на Андријана Јаневска.
Почетокот на концертот е во 21:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен. Пред концертот, од 20:00 часот ќе биде отворена и изложбата и ревија на народни носии „Од Љубанишча до Дебор“ од колекцијата на Љупчо Милошески.
„Митан проект“ е музичко-вокален состав во кој членуваат еминентни музичари од Република Македонија. Групата постои од 2007 година и нејзин основач е Мите Димовски – Митан. Првиот албум со наслов „Македонски рози“ го издаваат 2008 година и претставува вистинско освежување на македонската музичка сцена. Стилот на музиката која го преферира овој состав е етно-џез надополнет со врвна инструментална подлога и секако со гласот на Андријана Јаневска. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
