Охрид, 8. јули 2025 (ИНПРЕС) – Продолжува повеќегодишната плодна соработка меѓу Црвен крст Охрид и ЈУ Национален парк Галичица.
Во насока на јакнење на локалните капацитети за справување со шумски пожари, денеска Црвен крст Охрид ѝ предаде на јавната установа по 10 заштитни шлемови, заштитни визири компатибилни со шлемовите и работни одела.
Покрај опрема за паркот, набавена е опрема (шлемови, визири и одела) и за дестчлен тим од Црвен крст Охрид којшто ќе пружа поддршка во справувањето со шумски пожари на Галичица.

Опремата е набавена во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Проектот го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ во соработка со ЈУ Национален парк Галичица. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
