Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид доби уште една година да се спаси од ставање на Листата на УНЕСКО за светски наследства во опасност

Охрид доби уште една година да се спаси од ставање на Листата на УНЕСКО за светски наследства во опасност

1 min read
Охрид доби уште една година да се спаси од ставање на Листата на УНЕСКО за светски наследства во опасност

Охрид центар каматаран Охридско Езеро стар дел Охрид Самуилова тврдина

Париз/Охрид, 10. јули 2025  (ИНПРЕС) – На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз, усвоен е амандман со кој се одложува впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Одложувањето е условено со низа обврски за кои државата треба да достави извештај до 1 февруари 2026 година.

Ова се случи откако Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.

Комитетот требаше по третпат да гласа за статусот на Охридскиот Регион, единственото македонско природно и културно светско наследство.

Пред два дена, 40 организации од регионот и Европа побараа од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да го впише Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност со цел да се заштити од уништување.

Во првичната нацрт-одлука на Комитетот, од Македонија се бараше итно да ја подобри заштитата на Студенчишко Блато, веднаш да ги запре сите градежни активности во околината на блатото и кај хотелскиот комплекс „Горица“, како и да го ревидира предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата за да биде во согласност со меѓународните стандарди.

Природното и културното наследство на Охридскиот Регион е прогласено за светско наследство во 1979 година. Во 2019, ова подрачје беше проширено за да го вклучи и албанскиот дел од езерото, со што стана меѓудржавно светско наследство. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: ИнПрес 

Post navigation

Previous Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки
Next Предизвиците со кои се соочува Охрид, статусот под УНЕСКО, реализација на ЕУ проекти во фокусот на средбата Пецаков – Рокас

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.