Скопје, 31. јули 2025 (ИНПРЕС) – Потпишан договор за пет нови авиолинии од скопскиот аеродром, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Македонскиот главен град авионски се поврзува со Мадрид, Стокхолм, Бари, Келн и Прага.
– Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје, како и Мадрид – Скопје, а од декември започнуваат редовните авионски линии Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје, изјави Николоски.
Додаде дека со 11 нови линии што се веќе отворени и овие 5, бројката на нови авиолинии орворени за само една година се искачи на 16.
Николоски потенцира и дека бројките покажуваат раст на патничкиот сообраќај на двата македонски аеродрома.
– Само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром, рече министерот.
Најави дека ќе има уште нови авиолинии што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
