Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Се зголемува интересот на туристите од западноевропските земји за Република Македонија

Се зголемува интересот на туристите од западноевропските земји за Република Македонија

Се зголемува интересот на туристите од западноевропските земји за Република Македонија

Скопје, 31. јули 2025 (ИНПРЕС) – Македонија повторно на мапата на европскиот туризам, интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè од Франција, Германија и Велика Британија, покажуваат анализите на министерството за култура и туризам.

Анализата на најновите податоци за движењето на странските туристи во Македонија за првите пет месеци од 2025 година, во однос на истиот период во 2024 година покажуваат раст од 23,6 % кај странските туристи и раст од 18,7 % кај остварените ноќевања.

– Во првите пет месеци од 2025 година, туристичкиот промет во Македонија бележи значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година. Посебно се издвојува Германија со раст од 219 % во бројот на туристи и 146 % во ноќевања, што укажува на видно зголемен интерес на германските туристи за посета на нашата земја. Франција бележи највисок пораст со 398 % повеќе туристи и 303 % повеќе ноќевања, со што се позиционира како нова стратешка цел на туристичките политики. Велика Британија забележува значително зголемување од 204 % во бројот на туристи и 139 % во ноќевањата. Турција, која беше водечки пазар во 2024 година, продолжува со стабилен раст од 11 % во бројот на туристи и 21 % во ноќевањата, задржувајќи ја својата прва позиција според вкупниот број на туристи и ноќевања, стои во анализата на министерството.

Додаваат дека овие податоци ќе бидат искористени за прецизно насочување на промотивните активности, подготвување на програмата на секторот туризам, јакнење на авионските врски со новите пазари и активна поддршка на туристичките оператори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември до Бари, Келн и Прага
Next Седум куршуми пронајдени во багаж на лет за Манчестер од охридскиот аеродром

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.