Охрид, 20. август 2025 (ИНПРЕС) – „Продолжи да сонуваш“ е насловена самостојната изложба на слики на професорката Жанета Стаиќ, што во вторник, 26-ти август, ќе биде отворена во Охрид.
Жанета Стаиќ е родена во Штип, дипломира на отсекот за графика со графички дизајн на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во 1997 година. Од 2010 година живее во Охрид, а од 2016 година е вработена како професорка по ликовна уметност во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид.
Свеченото отворање на изложбата ќе биде во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:30 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
