Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро е на 21 сантиметар под просекот за август, температурата на водата е 23 степени

Водостојот на Охридското Езеро е на 21 сантиметар под просекот за август, температурата на водата е 23 степени

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро е на 21 сантиметар под просекот за август, температурата на водата е 23 степени

Охрид, 21. август 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) од 19-ти август, нивото на водата во езерото е на кота од 693,25 м.н.в што е за 21 сантиметар под просекот за овој месец (693,46 м.н.в) и 15 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 23 степени, за половина степен пониска од просекот.

Изминативе седум дена водостојот е намален за 3 сантиметри. Подолг период наназад езерското ниво е под просечно утврденото. Отсуството на врнежи и високите температури дополнително го намалуваат водостојот.

Можно е да е слика од нацрт, одрезок од билет и текст

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јуженн правец. Максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Трајановски: Продолжува координацијата на активностите за  изградба на автопатот Кичево-Охрид со цел запазување на роковите
Next Прекин во водоснабдувањето во Стар град и дел од населбата Св.Стефан

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.