Охрид, 27. август 2025 (ИНПРЕС) – Од денес започнува социјалната програма на третото издание на Ohrid water festival.
Од 19:00 часот на Кеј Македонија пред хотелот „Палас“ ќе биде отворена изложбата „Вежџа“ на нуркачкиот центар „Акватек“. Во рамки на музичкиот од 21:00 часот на сцената пред хотелот „Нова Ривиера“ ќе настапи охридскиот бенд „Фузија“.
За утревечер се планирани повеќе настани. Ќе биде отворена изложбата „Видови риби во Охридското Езеро“, по што ќе следува концерт на „Распеано рибарче“. Од 20:30 часот ќе бидат промовирани пливачите – учесници на Охридскиот пливачки маратон. Од 21:00 часот ќе биде прикажан документарниот филм „70 години маратонско пливање“ на Илија Пиперкоски.
Во петок ќе бидат одбележани 30 години УНДП во Република Македонија, а ќе биде отворена и изложбата „Патување по синилото: Св.Наум до Радожда, подводни убавини на Охридското Езеро“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива