Староградска вечер и изложба на Ohrid water festival
August 29, 2025

Охрид, 29. август 2025 (ИНПРЕС) – Продолжува социјалната програма на третото издание на Ohrid water festival.

Вечерва од 19:00 часот на „Кеј Македонија“ пред хотел “Нова Ривиера“ ќе бидат одбележани 30 години УНДП во Република Македонија, а ќе биде отворена и изложбата „Патување по синилото: Св.Наум до Радожда, подводни убавини на Охридското Езеро“.

Во 21:00 часот, на истата локација, ќе се одржи староградска вечер на Охридскиот камерен оркестар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива