Охрид, 29. август 2025 (ИНПРЕС) – Со учество на 16 пливачи и пливачки од шест држави утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 38. издание на традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Стартот е од 11:00 часот од Св. Наум, а целта на градското пристаниште. Патеката „Климе Савин“ е во должина од 25 км.
Во машка конкуренција ќе настапат 10 пливачи:
Александар Илиевски (Македонија),
Леонид Мишевски (Македонија),
Акуилес Балаудо (Аргентина),
Матео Фурлан (Италија),
Хуго Рибеиро (Португалија),
Матијас Дијас Хернандес (Аргентина),
Федерико Тамборино (Италија),
Марко Инглима (Италија),
Петар Цеков (Македонија) и
Лазар Поп Трајков (Македонија).
Во женска конкуренција ќе настапат 6 пливачки:
Елена Лионело (Италија),
Росана Гошева (Македонија),
Алисја Гедриш (Полска),
Милица Љубисављевиќ (Србија),
Ерика Абигаил Јенсен (Аргентина),
Мајте Ајлен Пука (Аргентина).
Годинава наградата „Климе Савин“ ја доби на Павел Групчев – еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон, а признание за афирмација и промоција на маратонот му беше доделено на познатиот македонски маратонец Томи Стефановски. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива