Охрид во јули го посетиле 33.332 странски туристи, најмногу од Турција, Србија, Полска и Холандија
September 23, 2025

Охрид, 23. септември 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец јули Охрид го посетиле вкупно 72.521 туристи, од кои 39.189 биле домашни, а 33.332 се странски.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број на ноќевањата изнесува 356.646. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 15.759, следуваат гостите од Србија 2.602, од Полска 2.230, Холандија 2.203…

На ниво на Република Македонија во јули ја посетиле вкупно 209.932 туристи, од кои 88.446 биле домашни, а 121.486 странски. Биле остварени вкупно 770.733 ноќевања.

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.2 %, кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 15.1 %. Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.5 %, а кај странските има зголемување за 11.5 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес