Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на старите лица

Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на старите лица

Црвен крст Охрид го одбележува Меѓународниот ден на старите лица

Охрид, 1. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид се приклучува на кампањата на Обединетите нации и под мотото „Застапување за здраво и инклузивно стареење“ го одбележува 1.Октомври, Меѓународниот ден на стари лица.

Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари, ширум светот се предвидува да се зголеми повеќе од двојно, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица.

Според податоците на Обединетите нации, Република Македонија ќе доживее брз процес на стареење на населението во следните децении.

Најновите податоци од пописот во 2021 година, на Државниот Завод за статистика покажуваат дека вкупниот број на население над 65 години во Македонија е 315.331 жител, додека бројот на новородени се намалува. Во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население е зголемено од 13.1% на 18%.

Постарата популација претставува речиси една четвртина од населението и овој тренд, дефиниран како стареење на популацијата, наметнува низа здравствени, социјални и економски предизвици, што пак имплицира зголемена потреба, пред се, од здравствени и социјални сервиси.

Црвен крст Охрид спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот на старите луѓе и дава придонес и активно се вклучува во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.

Во оваа јубилејна година за Црвен крст Охрид навршуваат и 10 години од имплементирањето на програмата за грижа за стари лица „Најди време“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Отворена бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право
Next Превртен глисер пред кружниот тек на улица „7-ми ноември“ предизвика застој во сообраќајот (Фото)

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.