Охридски крводарители бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност
October 2, 2025

Охрид, 2. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Охридски крводарители се жалат и бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапочената течност во Одделението за трансфузиологија во Охрид.

Охридскиот водител Жанко ЗШ Голабоски е еден од оние кои редовно даруваат крв, што самоиницијативно, што како дел од поголеми акции. Тоа го направи и денес, заедно со уште неколку крводарители.

Со задоволство потенцираат дека од докторите и медицинскиот персонал се и повеќе од задоводлни, но од условите не. Бараат достојни услови за ваквиот хуман чекор што го прават, да не се чека долго време за давање крв и споредуваат со состојбата во другите градови каде опременоста и условите биле многу подобри.

– Пред неколку години крв дарувавме што се вели во подрум со супстандардни услови со искршени плочки и мувла, а креветите се посебна приказна. Сега е обезбедена друга просторија, но има само две т.н ваги. Кога ќе се упати поголема група луѓе заинтересирани за дарување крв или кога се прават акции се создава гужва, се чека многу, потенцира Голабоски.

Додава дека од негово искуство некогаш се правеле акции со поголеми групи, клубови итн.. но поради недостатокот на т.н ваги веќе се намалува интересот кај поголеми групи за крводарување.

Крводарителите апелираат до надлежните да се преземат итни мерки за подобрување на ваквата состојба, да се набават ваги и соодветен инвентар за достојно спороведување на идните акции. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива