Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од денеска поевтини и побрзи трансакции во евра, Македонија се приклучи во SEPA

Од денеска поевтини и побрзи трансакции во евра, Македонија се приклучи во SEPA

1 min read
Од денеска поевтини и побрзи трансакции во евра, Македонија се приклучи во SEPA

Скопје, 7. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Од денеска, 7-ми октомври, македонските граѓани и компании можат да вршат и да примаат уплати во евра под истите услови како во Европската Унија, соопшти Министерството за европски прашања.

Со ова, земјата и официјално стана дел од Единствената зона за плаќања во евра (СЕПА), што овозможува побрзи, поевтини и поедноставни трансакции.

– Со започнување на практичната примена за полесни, побрзи и поевтини трансакции во евра, Северна Македонија и официјално стана активен дел од европската зона за плаќања, што претставува важен чекор во унапредување на интеграцијата со единствениот европски пазар, соопшти Министерството.

Приклучувањето кон СЕПА е дел од активностите предвидени со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, додаваат од Министерството. Целта на планот е да се забрза економската интеграција на регионот со Унијата преку олеснување на пристапот до единствениот пазар, поттикнување инвестиции и унапредување на финансиските услуги.

Од Министерството за финансии велат дека на девет домашни банки им се одобрени апликациите за приклучување кон СЕПА и додаваат дека до крајот на годината се очекува да се приклучат уште три банки.

СЕПА (Единствената зона за плаќања во евра) е иницијатива на ЕУ која ги усогласува електронските плаќања во евра во 36 европски земји, овозможувајќи им на поединците и бизнисите да вршат плаќања во рамките на зоната исто толку лесно како што би правеле на домашно ниво. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous На 10-ти октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори
Next Охридските боксери Наум и Христијан Стојаноски заминуваат на подготовки во Златибор

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.