Охрид, 7. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Охридските боксери Наум и Христијан Стојаноски од клубот „Алексо Огненовски“
заминуваат на подготовки во Златибор за претстојното Балканско првенство.
Направени им се сите потребни тестови и се подготвени за тренажниот процес.
Балканско првенство ќе се одржува од 14-ти до 19-ти октомври во културно – спортскиот центар „Пале“ во Босна и Херцеговина. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива