Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците

Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците

Охрид, 8. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Во просториите на Општина Охрид се одржа состанок посветен на спроведувањето на законските обврски за редовно чистење на оџаците во индивидуални и колективни станбени објекти.

На состанокот присуствуваа претставници од Одделението за животна средина, Одделението за безбедност и здравје при работа, Инспекторатот при Општина Охрид, како и претставници на Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид. Поканети беа претставници на агенциите кои управуваат со станбени згради и претставници на месните и урбаните заедници.

Присутните разговараа за значењето на редовното чистење на оџаците како законска обврска, но и како клучна мерка за заштита на животната средина преку спречување на дополнително загадување на воздухот. Беше истакната и важноста на оваа активност како превентивна мерка за заштита од пожари, особено во зимскиот период кога ризикот од настанување на пожари поради неисчистени оџаци е значително зголемен.

Општина Охрид ги повикува сите граѓани и управувачи на станбени објекти да постапат согласно законските обврски и навремено да преземат мерки за чистење на оџаците, со цел зголемување на безбедноста и заштита на животната средина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во населбата „Христо Узунов“
Next Охрид и годинава достојно ќе го одбележи 11. Октомври, Денот на народното востание

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.