Охрид и годинава достојно ќе го одбележи 11. Октомври, Денот на народното востание
October 9, 2025

Охрид, 9. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Општина Охрид и ОО на Сојуз на борци на Охрид и Дебрца и годинава со пригодни свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание.

Утре од 11:00 часот во големата општинска сала ќе се одржи свечена седница, по што ќе следи културно – уметничка програма. Ќе биде прикажан видео запис со историјата на Охрид за време на Втората светска војна, ќе биде извдена монодрама, извадок од романот „Пиреј“ на Петре М. Андреески, настап на академските музичари Мила Тренеска, Дарио Тренески и и Билјана Буџакоска, како и на КУД „Ѓердан од бисери“.

Во сабота од 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред зградата на Основен суд Охрид, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на градските гробишта. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива